Викендов цела Македонија под снег

Времето денес ќе биде сончево и значително постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен и засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и повремено ќе засилува. Температурата на воздухот ќе биде до 3 степени.

За викендот времето ќе биде облачно и многу студено со врнежи од снег. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните предели од државава. Насекаде ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните и во јужните предели (локално над 30 сантиметри). На планините ќе се  зголемува. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -8 до 2 степени.

Многу студеното време ќе се задржи и во текот на следната недела кога наутро температурите понекаде ќе се спуштат и под -15 степени, максималните пак на повеќе места ќе останат под нулата.

Scroll to Top