Во Дубаи откриен највисокиот рингишпил на светот

Зависниците од адреналин, кои ќе имаат можност да го посетат Дубаи, отсега ќе може да уживаат и во највисокиот рингишпил во светот што неодамна беше отворен.

Станува збор за вртелешка висока 140 метри, која го надмина претходниот рекорд за само три метри, а му припаѓаше на рингишпилот „Орландо старфлајер“ во САД. Арапскиот е отворен минатата недела во паркот „Боливуд“ во Дубаи.

„Боливуд скајфлајер“ беше направен од 421 тони челик, а изградбата траеше 600 дена. Самата инсталација траеше дополнителни 120 дена.

Паркот беше затворен неколку месеци поради пандемијата на коронавирусот, но беше отворен на 21 јануари со девет нови атракции, вклучувајќи го и највисокиот рингишпил.

Scroll to Top