Првите кроасани настанале во Австрија за време на османлиската опсада на Виена во 1683 година. Пекарите ги забележале Османлииите кои се подготвувале за напад, па јавиле на австриската војска и така го спасиле градот.
Во знак на сеќавање тие направиле кроасан и го обликувале според муслиманскиот симбол- полумесечина. За појадок ви го препорачуваме следниот рецепт како да направите вкусни кроасани.
Потребни состојки:
15 гр. квасец
150 мл. вода
30 гр. шеќер
5 гр. сол
250 гр. брашно
180 гр. путер
Начин на подготовка:
Замесите тесто од квасец, водата, шеќер, сол, брашно и путер. Ставете брашно на даската за месење и замесете го тестото. Формирајте го во квадрат и замотајте во фолија. Оставете во фрижидер 15 минути.
На хартија за печење ставете 130 гр. путер. Формирајте го во квадрат со величина 15 на 15 сантиметри и замотајте во хартија за печење па почнете да го сукате. Оставете го 10 минути во фрижидер за да се зацврсти.
Извадете го тестото. Повторно со сукалото растегнете го и по ширина и должина. Направете калап за сечење кроасани. Тестото развлечете го до дебелина од 4мм. Со помош на калапот исечете триаголници. Расукајте го тестото и мотајте со најширокиот крај кон најкраткиот.
Премачкајте ги со белка од јајце. Оставете ги 60 минути во затворена рерна на температура од 24 до 28 степени или 2 часа на собна температура. Повторно премачкајте ги со белка од јајце.
Печете ги 15 минути во загрејана рерна на 180 степени. Додека се топли, ставете чоколадни трошки одозгора.