10 причини зошто е добро да пиете пиво

Според најновите истражувања на Универзитетот во Пенсилванија, каде што беа вклучени 80.000 луѓе, пиењето една или две чаши пиво секој ден, може да го намали ризикот од срцеви заболувања или срцев удар. Пивото го
зајакнува имунитетот, ги штити коските, меѓу другото.

Пивото е добро за бубрезите
Народно верување е дека штом некој има проблем со бубрезите, камчиња или песок, треба да пие пиво. Едно истражување во Финска докажа дека меѓу алкохолните пијалаци, пивото е најдобро за бубрезите. Секое испиено шише (0,3 литри) пиво го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите за 40%.

Го подобрува варењето на храната
Пивото, особено темното пиво, содржи 1 грам растворливи растителни влакна во 300 мл. За разлика од него, виното не содржи растителни влакна. Растителните влакна имаат важна улога при поминувањето на храната низ дигестивниот систем. Недостатокот на растителни влакна може да доведе до интестинални нарушувања.

Пивото го намалува ЛДЛ холестеролот
Растителните влакна кои ги содржи пивото може да ви помогнат за намалување на нивото на лошиот холестерол.

Изобилува со витамини од групата Б
Пивото содржи неколку витамини од групата Б и тоа Б1, Б2, Б6 и Б12. Според едно холандско истражување, кај лицата што пиеле пиво нивото на витаминот Б6 било за 30% повеќе во споредба со лицата кои не пиеле пиво. Пивото е добар извор на витамин Б12 кој ретко се наоѓа во храната, а е важен за лица што се слабокрвни.

Со пиво против несоница
Пивото може да биде лек за несоница. Лактофлавинот и витаминот Б3 кои ги содржи пивото,може да го
подобрат сонот.

Пивото го намалува ризикот од срцев удар
Лицата кои пијат пиво имаат 40 до 60% намален ризик за појава на срцев удар во споредба со оние што не го  пијат.

Помага против тромбоза
Состојките кои ги содржи пивото превенираат создавање на тромбоза.

Ја подобрува меморијата
Студиите покажуваат дека кај лицата што пијат пиво имаат помал ризик за појава на Алцхајмерова болест и деменција.

Помага за намалување на стресот
Според истражувачите во Универзитетот од Монтреал, две чаши пиво на ден може да го намалат стресот предизвикан од работата, како и анксиозноста.

Пивото ја разубавува кожата
Одредени витамини кои ги содржи пивото може да ја регенерираат кожата и имаат позитивно влијание врз пигментацијата.

Scroll to Top