Билка која ја користиме секој ден, а не сме свесни за нејзината лековита моќ

Витаминската бомба дарувана од Бога!

Луѓето денеска се склони на разни таблети, витамини, додатоци во прехраната, како никогаш претходно. Тоа е поради фактот дека се што е создадено од Бога, всушност не е достапно за човечкиот живот. Ни требаат жолти, сини, зелени и секаков тип на таблети, кои треба да ни овозможат живот и подобро здравје.

Но вистината всушност е дека со купувањето на разни витамини, не се погодуваме само себе си, туку и фармацевтите, а се што го има во тие таблети, го имаме бесплатно во природата и ни е на дофат на рацете. Тоа е создадено од Бога, баш поради тоа што на човекот му е потребно. Нашиот свет обилува со билки, тревки и зачини кои всушност се лек и за човекот, но се лековити и самите за себе, што покажува дека ако го нема човекот, не би имала ниаква смисла да постојат. Нешто што само ја докажува совршената креација на Бога.

Еден од апсолутните предводници на здравјето, е лек кој е на дофат на сечии раце. Неговата конзумација може да ги замени сите витамински таблети. Станува збор за магдонос, растение кое сите го користат, речиси секојдневно. Неговата примена само треба да се распространи, а не да се базира исклучиво на куварството. Тој треба да го користиме во облик на чај, облози, па дури и маски за лице.

Магодоносот потекнува од медитеранските земји, а потоа се шири во сите земји во Јужна Европа. До крајот на средниот век, тој се користел исклучиво како лековита билка, за да подоцна низ историјата се прошири во кујните низ целиот свет. Неговата првична мисија како лек, е тргната на страна.

Врв на витамините 

Магдоносот е исклучително лековит, а особено се цени поради неговите лисја и коренот. Тој содржи природно етерично масло, кое вклучува „myristicin“, „limonene“, „eugenol“ i „alpha-thujene“. Втората група содржи „apiin“, „apigenin“, „crisoeriol“ i „luteolin“.

 

Магодоносот содржи и калиум, калциум, фосфор, железо, магнезиум, бакар и други микро елементи кои се важни ако не и пресудни за човечкиот организам, а е одличен извор на витамините C, A, и К. Етеричното масло, кое го содржи магдоносот, е мирицицин, кој штити од рак, а особено од рак на белите дробови, што е потврдено во научните истражувања.

Поради етеричното масло, магдоносот има заштитен ефект, односно ги неутрализира хемиските реакции, кои можат да бидат опасни по нашето здравје, како канцероген бензпоирен (кој се наоѓа во цигарите) како и други заболувања. Магодоносот ги исфрла и токсините од телото.

Може во целост да излечи анемија, затоа што е неверојатно богат со железо како и витамин C. Во листот на оваа билка витаминот C го има во изобилие, дури и повеќе отколку во лимонот, кој е познат по овој витамин. Освен што го регенерира човечкиот организам и ја подобрува крвната слика, старите Египјани одамна го користеле како средство за лечење на болести против бубрезите и мочните канали, па така се смета дека тој е исклучително лековит кај воспалената простата, и воспалените мочни патишта.

Исто така е добар за лечење на реуматизмот и за регулација на телесната маса. Делува на работата на црниот дроб и се препорачува кај заболените од жолтица.

Против целулит

Шест лисја од магдоност, згответе ги две минути во две литри вода. Потоа процедете ги и кога чајот ќе се олади, масирајте ги деловите од телото каде имате целулит во рамки од 15 минути до половина час. Местата масирајте ги навечер со памучна крпа, а потоа оставете ја преку ноќ да отстои на масираното место. Мократа крпа покријте ја со пластична фолија и замотајте ја со сува памучна крпа.

Отстранување на брчките

Два декаграми од исечканите лисја од магдоносот ставете ги во два децилитра студена вода и по 24 часа процедете ги. Од добиенета течност натопете памук и лесно намачкајте го делот околу очите, устата и вратот. Оставете да се исуши, без бришење. Третманот повторете го неколку пати во период од половина час. Колку порано започнете да ги ублажувате брчките, со водата од магдонос, ефектот ќе биде подобар.

Чај од магдонос

Два декаграми исецкан магдоност ставете го во два децилитра студена вода и по 24 часа процедете го. Натопете го памукот со добиената течност и лесно премачкајте го делот околу очите, устата и вратот. Оставете да се исуши без бришење. Третманот повторете го неколку пати во рамки на половина час. Што порано толку подобро.

 

За отечени очни капаци

Два декаграми ситно исечкан магдонос, прелијте го со еден децилитар зовриена вода, поклопете ја и по 15 минути процедете ги. Наутро и навечер ставете облози (со памучна крпа намотена во чај), па ќе постигнете изненадувачки резултати кај отечените очни капаци.

Scroll to Top