Лоши фит навики за кои мислите дека сте добри

Купувате ли производи на кои пишува „лајт“? Не јадете ли месо мислејќи дека мастите не се добри за вас? Можеби мислите дека правите супер работа за вашето тело, но учинокот е спротивен.

Ви носиме седум работи за кои најверојатно мислите дека се добри за фигурата, а всушност сте во заблуда.

Ги прескокнувате оброците

Тоа секогаш двојно се враќа. Прегладнувате, а потоа одеднаш јадете огромна количина, најчесто нездрава, храна која најчесто се таложи околу вашиот струк.

Станавте вегетаријанка

Доколку сте го исфрлиле местото, сте исфрлиле и важни извори на протеини кои го забрзуваат вашиот метаболизам. Доколку сте се одлучиле да не јадете месо, секако потрудете се да јадете доволно свежо сирење или риби, на пример туната е одличен избор.

Мислите дека лебот е лош

Да, белиот е многу лош за вашиот стомак. Но, оној од цело зрно затоа е супер! Ќе направи концентрацијата на инсулин постепено да се крева и на тој начин ќе се намали таложењето сало околу стомакот.

Полудени сте по стомачните

Можете да правите и по сто стомачни на ден и можеби нема да добиете затегнат стомак за каков сонувате. Но ако при дваесет стомачни, за 10 минути правите и некои кардио вежби, е тогаш тоа ќе биде тоа.

Премногу пиете

Алкохолот е калориска бомба, но вас нема да ве заштити. Исто така, преполн е со шеќери од кои вашиот инсулин ќе полуди. Со секоја чаша, всушност, создавате нова наслага околу струкот. Но, нутриционистите имаат решение: чаша црно вино. Тоа содржи ресвератол кој го намалува создавањето масни наслаги.

Купувате производи на кои пишува „лајт“

Мислите дека на своето тело му правите услуга бирајќи нискокалорични или безмасни производи, но тие често содржат вметнати засладувачи кои наводно го тераат вашето тело да складира нездрави масти.

Мислите дека мастите се зло

Баш напротив – маслиновото масло, авокадото или јаткастите плодови ќе ви помогнат да се стопат масните наслаги.

Scroll to Top