Маска за лице со лимон и краставица

Лимонот ја затега кожата, а витаминот Ц, кој го има во доволни количини, има функција на антиоксидант и е идеален за грижа на кожата.

За сами да ја направите оваа маска потребна ви е една свежа краставица, две лажици лимонов сок и една добро изматена белка од јајце. Краставицата се лупи па се обработува во соковник или во блендер додека не стане полутечна. Потоа се цеди со газа. Добиениот сок од краставица се меша со сокот од лимон. Двата сока спојте ги со белката. Маската ставете ја на лицето и оставете да дејствува 15 минути, па измијте ја со млака вода.

Освен што ја затега кожата, оваа маска дава и лифтинг ефект и го изедначува тенот.

Scroll to Top