Најчестите митови за слабеењето

By

Актуелни се многу брзи и лесни начини да се намали телесната тежина и вишокот на масни наслаги во телото. Од тоа лебот да се исфрли од исхраната, да не се вечера после 19 часот, па се до пиење на млака вода со лимон наутро и сл. Многу митови од кои тешко е да се разграничат вистинитите факти од лагата.

Мит број 1 : Здравата храна е поскапа.

Лага: Се работи за избор. Од вообичаената храна се одбира поздравата алтернатива, но од тие 15тина намирници се прават повеќе комбинации на оброци. Односно еурокремот се заменува со црна чоколада или неколку вида сирења и кашкавал со нискомаслена урда.

 

Мит број 2 : Јаглехидратите дебелеат.

Лага: Во добро искалкулирана исхрана, јаглехидртите сами по себе, не дебелеат. Како еден од главните макронутриенти тие не треба да се исклучат од исхраната. Но не треба да се комбинираат со разни сосеви и додатоци (тестенини со кремасти сосеви) кои ги додаваат непланираните калории.

Здрав извор на јаглехидрати се: оризот, овесните снегулки, пченкарна палента, р’жани јуфки итн.

 

 

Мит број 3 : Со гладување се намалуваат килограми.

Вистина: Прескокнувањето на оброците или изгладнувањето води до забавување на метаболизмот. Тоа предизвикува чувство на умор, промена во расположение и потреба за храна која содржи високо ниво на шеќер. Но црниот дроб и мускулите ја складираат вишокот глукоза, па при гладување, кога телото има дополнителни потреби од неа, ја испуштаат во крвотокот.

 

Мит број 4: Апчиња и чаеви за слабеење функционираат.

Лага: Индустријата на апчиња, чаеви и препарати за слабеење е широко пласирана и со добар маркетинг успева да ги придобие оние кои бараат скратен пат до целта. Ваквите препарати не даваат резултат. Дури и кога има резултати, тие се врз база на плацебо ефектот кој се создава од фактот дека се потрошени пари на нешто што помага за слабеење.

 

Мит број 5 : Пиење повеќе вода ги намалува килограмите.

Лага: Пиењето вода не е никако директно поврзано со намалувањето на килограмите. Секако хидратацијата е многу важна за телото и водата е од есенцијален карактер за обавувањето на сите процеси во организамот. Конзумирањето доволно количество вода може да ја намали желбата за грицкање ужинки кога навистина немате потреба и чувството за жед го мешате со чувството на глад.

 

 

Мит број 6: Не треба да јадете после 18 часот.

Лага: Информацијава превземена од западниот начин на живот, каде луѓето легнуваат во 21 и стануваат во 06 часот, е погрешно толкувана. На овие простори ретко кој живее така. Секој кој што легнува после полноќ, од 18 часот сигурно ќе има потреба да јаде уште еднаш. Не постојат точни и најправилни термини за оброци. Најоптимален распоред е оној во кој има 3 часа  временско растојание меѓу оброците и минимум 2 часа избегнување храна пред спиење.

 

Мит број 7: Диетите за слабеење функционираат.

Вистина: Строгите диети се најдобри за слабеење, но само со краткорочен ефект. Најголем дел од нив предизвикуваат губење на течности и оттаму доаѓа намалувањето на тежината. Тие се осудени на пропаст поради ригорозниот пристап со отфрлање на некој од трите основни макронутриенти од исхраната или преголемиот калориски дефицит, со што на крај не даваат траен резултат и здраво намалување на тежината. Најчесто се случува јојо-ефект каде килограмите се враќаат назад за краток период, а понекогаш и двојно повеќе. Најдобар пристап кон ваква промена е постепено менување на животниот стил,  секојдневно прифаќање на поздрави навики и замена на оброците со нивна поздрава алтернатива.

Ќе ви се допадне

Watch My Hero Academia 2 Episode 3 (https://funimationfree.com/m/RZRk/ep-3) at website https://funimationfree.com funimation channel

Watch Noblesse Episode 13 (https://animeplanet.cc/m/gejV/ep-13) at AnimePlanet anime planet free