Нега на кожата во зимa

Негата на кожата на лицето и телото не се поврзува само со заштита од сонце и ефектите на УВ зраците во летните месеци. Дерматолозите советуваат дека и негата во зима е подеднакво важна, а дека ладното време може да биде многу поголем непријател особено за оние што имаат чувствителна кожа. Што треба да направите за правилна нега на кожата и во зима?

Соодветна козметика и навлажнувачи

Одржувањето на влажноста на кожата во зимските месеци е најважно за здрав изглед на лицето и телото. Ладниот и сув ветер ја цица влажноста од кожата и ја остава сува, безживотна и испукана. Таквата кожа е склона кон предвремено стареење и појава на брчки. Истото важи и за затворените простории, поради присуството на грејни тела и преголема топлина. Затоа користете навлажнувачи или тоници откако ќе го измиете лицето. Одберете соодветен тонер, производ според типот на вашата кожа. Нанесувајте ги пред спиење. Негата на кожата додека спиете може да ја дополните и со специјални ноќни серуми или креми.

Внатрешна хидратација

Кога е надвор ладно, пиеме топли пијалаци, а ладните пијалоци и водата најчесто ги избегнуваме. Но, ова не е правилно, бидејќи нашето тело има потреба од одредена количина вода за да биде здраво и витално. Кожата ја губи еластичноста и сјајноста доколку не е соодветно хидрирана во текот на денот. Квалитетот и чистотата на водата е исто важна. Најидеално решение би било да ја превриете водата наутро, ставете ја во термос и пијте ја во текот на денот или пијте вода помешана со лимон. Таа одлична за детокс на телото.

Зимски спортови

Најдобар начин да ги исфрлите отровите од телото и кожата е преку потта. Вежбајте барем два пати во неделата, по минимум 30 минути. Ако сте љубител на зимските спортови, не ја заборавајте и негата на кожата паралелно. Влијанието на сончевите зраци кога сте на снег е многу поголемо од она во летните месеци. Рефлексијата од снегот ги одбива УВ-зраците директно на вашето лице, а со тоа ја оштетува кожата. Затоа, дераматолозите препорачуваат да користите заштитни креми за сонце. Одберете крема со висок заштитен фактор.

Scroll to Top