Неочекуван секс на необични места

Каков секс преферираат жените?! Група научници спровеле истражување за сексуалните фантазии врз 1.516 испитаници, кои добиле листа од дури 55 разни сексуални фантазии, од секс со повеќе партнери до секс што вклучувал објекти и животни.

Испитаниците требало секоја фантазија за секс да ја оценат според интензитетот, а онаа омилената да ја опишат колку што може подетаљно.

Како најпопуларна фантазија кај двата пола се истакнал сексот што вклучува романтични чувства. На врвот исто така се и сексот на необични места и неочекуваниот секс.

Сепак, тука не е крајот на занимливите податоци. Дури 65 отсто од жените ја избрале сексуалната потчинетост како една од омилените сексуални фантазии. Повеќе од 52 отсто од жените се одлучиле за разни видови врзување, 36 отсто за плескање, а 28,9 отсто сонуваат за тоа мажот да ги присили на секс.

На ваквите фантазии исто така се палат и мажите, но тие сепак предност даваат на фантазиите за орален секс, секс со повеќе партнерки, вонбрачен секс и за ејакулација по телото на партнерката.

Scroll to Top