Откриен нов симптом на корона што ги погодува само жените

Британскиот магазин „Сан“ пишува дека лекарите откриле нов симптом на Ковид-19 карактеристичен за жените – неправилен циклус и невообичаено големи згрутчувања на крвта.

Жената по име Роуз за „Медицински вести“ изјавила дека за осум месеци поминати од нејзината инфекција, таа имала само пет циклуси. Друга жена, по име Бјанка, вели дека се соочувала со невообичаено голем тромб, што претходно го немала. Слично искуство имала и жена по име Едит.

„Мојата менструација е сосема поинаква по Ковидот. Мојот календар, времетраењето и интензитетот и нивото на болка се целосно нарушени. Сега сè е непредвидливо“, рекла таа.

Лекарите сè уште немаат објаснување за промените во циклусот, но тие претпоставуваат дека вирусот, бидејќи е системски, на некој начин ги напаѓа и женските репродуктивни органи.

Д-р Линда Фен, доцент по гинекологија на „Јејл“, вели дека науката сè уште не се занимава детаљно со ова прашање, но дека постои биолошка можност вирусот да ги нападне јајчниците.

Мала студија спроведена во Кина и објавена во списанието Reproductive BioMedicine Online покажа дека 25 проценти од пациентите со корона доживеале промени во циклусот потоа. Од 117 учесници, сите пациенти во болницата „Тонгџи“ во Шангај, 30 проценти од нив изјавиле дека нивниот циклус по Ковид е пообилен или помалку обилен од вообичаеното.

 

Scroll to Top