Кога станува збор за здравјето на срцето, високиот холестерол е една од најголемите закани. Кога нивото на холестерол станува превисоко, нашето тело почнува да складира масти, што пак може да ги затне крвните садови.
Најдобро е да го намалите холестеролот со промена на начинот на живот и промена на исхраната. Првата промена може да биде да се одлучите за поздрав тип на масло што го консумирате. Секако, најлошо масло за создавање холестерол е палминото масло.
Зошто палминото масло е лошо?
Journal of Nutrition објави студија во која е откриено дека палминото масло, во споредба со другите растителни масла со помалку заситени масти, го зголемува нивото на лошиот холестерол.
Според списанието Harvard Health, заситените масти во палминото и кокосовото масло, црвеното месо, путерот и повеќето сладоледи се штетни за здравјето и треба да се консумираат умерено.
Истражување од 2018 година покажа дека лененото семе е најдобро за намалување на холесторолот, а покрај него палминото масло може да го замените со сончегледово или семе од репка.
Другите масла, како што е маслиновото, исто така беа успешни, но маслата од семки покажаа подобри резултати.