Со рибино масло до убав тен

Рибиното масло се грижи за здравјето на срцето, помага за ефикасно согорување на мастите, го подобрува помнењето, но помага и да умаме убав тен.

Ја храни сувата кожа

Редовното внесување рибино масло во вид на додаток во исхраната може длабински да ја нахрани сувата кожа. Исто така да ги третирате проблематичните области со рибино масло, тоа ќе доведе до подлабока хидратација на кожата.

Помага при проблеми со акните

Капсулите од рибино масло го намалуваат воспалението во телото. Бидејќи акните се воспалителен процес, консултирајте го вашиот дерматолог дали може да ги земете како додаток на храната. Рибиното масло може да се стави директно на проблематичните области, а по неколку минути темелно да се исплакне со млака вода.

Помага при егзема

Често воспаление на кожата е егземата. Рибиното масло може да помогне да се контролира состојбата на два начина. Еден е да се сема секојдневно, како додаток во исхраната, а другиот да се нанесува директно на проблематичните области.

За здрави нокти

Здравите и убави нокти треба редовно да се хранат и внатрешно и надворешно. Ако вашите нокти се помеки, склони кон пукање и разделување, земајте рибино масло. Масирајте ги ноктите и кутикулите 1-2 пати неделно со ова масло.

За убава коса

Земањето капсули од рибино масло може да ја направите вашата коса здрава и сјајна. Ова масло можете да го додадете во домашните маски за коса. Хранливите материи ќе помогнат вашата коса да биде поздрава, нахранета и сјајна.

Scroll to Top