Руската вакцина против коронавирусот е на ниво на „Модерна“ и „Фајзер“, велат новите резултати

Руската вакцина против Ковид-19, „спутник“, дава 92 % заштита од коронавирусот, покажаа резултатите од завршната фаза на тестирањето. Тие се објавени во стручниот магазин „Лансет“, а вакцината е оценета како безбедна и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт од Ковид-19, а притоа нема поголеми несакани ефекти, стои во објавата.

Иако на почетокот јавноста беше скептична во однос на вакцината бидејќи таа почна да се користи во Русија уште пред да завршат клиничките тестирања, сега таа е во рангот на вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Астра зенека“.

„Спутник“ дејствува слично како вакцината развиена од „Оксфорд“ и „Астра зенека“ и содржи тип на безопасен мртов вирус, кој внесува делче од коронавирусот во телото. За разлика од другите вакцини, оваа користи две верзии за првата и втората доза, кои се даваат во рок од 21 ден. Според производителот, на овој начин имунолошкиот систем се засилува уште повеќе отколку кога двапати би се користела иста верзија на вакцината.

Scroll to Top