Мажите чувствуваат притисок затоа што мора да ја задоволат желбата и да одржат ерекција, а кога жената ќе ја преземе работата во свои раце може да се откаже од владеењето и да ужива. И не, не мислиме на ништо што вклучува застрашувачка опрема – едноставно преземете контрола и подарете возбудување себеси и на партнерот.
Она што следи ќе ви покаже како да го победите в кревет.
Заинтригирајте го
Во својот свет на фантазии, тој сака неочекувано да го нападнете. Но ако тоа буквално го направите, само ќе вресне и со рацете ќе го покрие меѓуножјето. Побарајте го и кажете му дека ќе го „земете“ каде и кога вам би ви одговарало. Самата идеја ќе го заинтригира, но ако почувствувате и малку колебање, држете се до проверените основи – секси положби каде што вие сте горе.
Заскокоткајте го
Сега можете да го спроведете планот во дело заскокоткувајќи го онаму каде што најмалку очекува. Доколку се фрлите врз него, страсно го бакнете и му пружите орален секс штом пројде низ врата, ќе се чувствувате како плен на вашата страст. Освен тоа ќе покажете дека сте авантуристички и ентузијастички во врска со сексот со него.
Наредувајте му
Заиграно наредете му да легне на кревет и да биде мирен додека со неговото тело правите што ќе ви текне. Или вие легнете на грб и дајте му еротски инструкции, велејќи му каде и како би сакале да ве допира. Тој сака да се чувствува како да е тука во тој момент само за да ви пружи уживање, и кога ќе му диктирате што треба да прави, се смалува притисокот дека мора да открие што ве возбудува.
Врзете го
Кога ќе се увери дека сте се фрлиле на работа, ставете го во позицијата на „лесно ропство“ – лисиците не се нужно потребни. Едноставно со својата рака придржувајте му ги рацете над главата. Ќе го обожава тоа.