Секси позата го открива каков е и што мисли за вас

Експертот за говор на телото, Јан Харгрејв, открива какви чувства мажот има кон жената според  неговите омилени пози во сексот.

Положба на лажичка

Оваа поза, односно позата во која обајцата лежите бочно, со тоа што тој лежи зад вас, открива маж кој постојано бара потврда за женските чувства. Оваа положба овозможува посебна интимност, што укажува на тоа дека вашиот маж е чувствителен тип, објаснува Харгрејв.

Кучешка поза

Доколку мажот обожава „кучешки стил“, тој всушност сака да  доминира, да биде алфа мажјак и не сака премногу емоционално да се отвора. Имајќи предвид дека контактот со очи се изоставува, тоа всушност тој го сака затоа што така добива на сигурност. Можно е да има проблеми со самодовербата.

Ако жената е горе, на мажот му е битно и нејзиното задоволство

Иако повеќето мажи најмногу ја сакаат токму оваа поза, таа не говори нешто многу добро за него. Ако вашиот маж инсистира на неа, тој всушност не сака да вложи многу труд, туку ви ја препушта на вас главната улога. Недостигот на амбиција и мотивација не се однесува само на сексот, туку и на останатите делови од животот затоа што овој маж главно се навикнал на сè што му сервира.

Но ако не инсистира само на оваа положба, но му една од поомилените, станува збор за заиграна фантазија и таквиот маж може да ѝ понуди на својата партнерка многу добра забава.

Полупрегратката е знак дека е задоволен во врската

Положбата во која жената лежи на стомак, а мажот ја гушка во текот на сексот во таканаречената полупрегратка, е знак дека му е пријатно со неа и дека е задоволен во врската, објаснува д-р Одри Нелсон, експерт за комуникација.

Доколку се трга по сексот, се плаши од обврски

Доколку мажот по сексот веднаш се трга од вас, значи дека не сака обврски. Зо тој потег создава сигурна оддалеченост од вас, психичка и емоционална.

Лежењето бочно по сексот го открива посесивецот

Доколку по сексот лежи покрај вас во поза на лажичка, односно бочно, мажот е сосема луд по вас, но и по малку посесивен. Во таа положба тој се сокрива, што укажува на доминантност. Меѓутоа доколку сака да се гали, но така што вие сте зад него, оваа положба открива некој кој сака другите да се грижат за него, напоменува Харгрејв.

 

Scroll to Top