Семките од грозје го убиваат ракот

Компаниите во светот годишно трошат милијарди евра на истражувања за лек за разните типови рак. Едно од поновите истражувања спроведени на Универзитетот во Кентаки даде позитивни резултати. Според истражувањето, семките од грозјето убивале до 80 отсто од канцерогените клетки.

Нивната студија е објавена во списанието на Американската асоцијација за истражување рак. Таа е достапна на увид на сите. Истражувачкиот тим на Универзитетот се надева дека наскоро ќе продолжат со тестирањето и ќе најдат конкретен начин за вклучување на семките од грозје во лекувањето.

Scroll to Top