Србија почна со вакцинирање, премиерката Брнабиќ прва ја прими вакцината против корона

Србија почна со вакцинирање против коронавирусот, а премиерката Ана Брнабиќ прва ја прими вакцината на „Фејзер“. По неа се вакцинираа докторката Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, актуелна министерка за труд и социјални работи, и епидемиологот Предраг Кон.

Во Србија пред два дена пристигнаа првите 4.875 дози од вакцината на „Фајзер“, а од Министерството за здравство најавија дека во јануари ќе добијат уште 21.000 дози. Претседателот Александар Вучиќ рече дека одлучиле некои лица од врвот на власта први да ја примат вакцината за да покажат дека е добра и безбедна.

„Очекуваме набргу да добиеме кинески и руски вакцини, а до крајот на март сигурно ќе ги имаме и вакцините на ‘Оксфорд’ и ‘Модерна‘“, изјави Брнабиќ по вакцинирањето.

Вакцинацијата во Србија почна денес во геронтолошките центри во Белград и Нови Сад, а утре ќе почат да се вакцинираат и граѓаните во Ниш.

Scroll to Top