(Видео) Напивка за подмладување од Сeлма Хаек

Холивудската актерка Сeлма Хаек, иако има 54 години, изгледа многу помладо и за разлика од многу нејзини колешки, таа е природна.

Познатата актерка тврди дека не се подмладувала со ботокси или естетски зафати, но дека благодарение на еден домашен сок изгледа толку младешки.

Селма сподели видео во кое откри дека пие домашен сок од четири состојки секое утро, што не само што е одлично за нега на кожата туку и добро влијае на здравјето.

Еве го нејзиниот рецепт.

  • портокали

Главна состојка за нејзиниот сок се портокалите бидејќи ова овошје е полно со витамин Ц. Освен што е добро за кожата, го зајакнува имунитетот, добро влијае и на варењето на храната и на расположението.

  • куркума

Селма додава малку куркума во исцедениот сок од портокал – зачин што го фалат експертите бидејќи има антибактериско и антиинфламаторно дејство врз организмот.

  • црн пипер

По куркумата, актерката додава малку црн пипер во исцедениот сок затоа што тврди дека му помага на организмот подобро да ја апсорбира куркумата, а плус е што го забрзува метаболизмот.

  • растение трн од волк

Ова растение не само што содржи многу витамини Ц и Б12 туку содржи и колаген, кој е важен за еластичноста и младоста на кожата. Покрај тоа, трнот од куче или волк го стимулира телото да произведува колаген, а актерката откри дека го користи во форма на масло и дека му додава неколку капки на сокот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Scroll to Top