Осумдесет и тригодишна пензионерка Ајрис Џонс, се разведе од 45 години помладиот сопруг, Мохамед Ахмет Ибрахим. Египјанецот кој го освои срцето на бабата, често беше на мета на критики затоа што бил многу помлад од неа. Сепак на крајот нивната љубов заврши и тоа заради Ајрис.
Бабата рече дека сега сака да биде само со нејзината мачка.
„Никогаш не очекував дека ќе се заљубам во некој кој е 45 години помлад од мене. Но тоа го направив. Обожавав сè кај него, но на крајот ми стана напорно. Имавме одличен интимен живот, но потоа наместо да водиме љубов, постојано се каравме за сè и сешто. Не можам да се носам со тоа. Не сум заљубена тинејџерка. Имам 83 години“, рече Ајрис.
Откако Мохамед си заминал, само неколку дена подоцна вдомила мачка, господин Тибс. За неа рече дека е совршен придружник сега кога повторно е сингл.
„Никогаш не се жали, многу е тивок и убав за гледање, го обожавам. И тој е многу среќен овде и не прави хаос”, рече бабата, која доадде дека Мохамед воопшто не ѝ недостигал.
„Мохамед воопшто не ми недостига. Најмногу ме изнервира кога си замина е тоа што ми ги зеде ракчињата во сос кои планирав да ги јадам таа вечер”, рече Ајрис.
За потсетување Ајрис го запозна Мохамед на „Фејсбук“ во 2019 година. Во интервју за магазинот Closer, три години подоцна, рече дека го сака затоа што ѝ ги сече ноктите, спие на подот во болницата кога таа не е добро и одбива да замине додека не ѝ биде подобро“.