Дома отпечатил лажни пари, па со нив одел по проститутки

Маж испечатил лажни пари и со нив плаќал сексуални услуги на жени што се занимаваат со проституција.

Тој за сексуални услуги најпрво и дал 2.000 лажни евра на една проститутка, а потоа 10.000 лажни швајцарски франци на друга.

Откако 50-годишен маж потрошил лажни пари во вредност од 11 илјади евра на жени што нудат сексуални услуги, бил осуден на три години условна казна затвор. Судот во Швајцарија го осудил за измама, печатење пари и пуштање во промет.

„Парите што ги отпечатил дома се толку лошо направени што дури и слеп човек можел да примети дека се лажни“, рече претседателот на судот во Базел.

Измамата била откриена откако една жена се обидела да внесе фалсификувани пари на нејзината банкарска сметка следниот ден откако ги примила.

Откако не успеала да ги префрли парите на банкомат, 39-годишната жена ги пријавила необичните банкноти во полиција.

Scroll to Top