Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, на синоќешниот меч во Лига Европа против Бодо Глимт, со топка погоди еден од станарите во зградата во близина на стадионот „Аспмир“ во Норвешка. Смешниот момент се случи во 26. минута.
Станарот кој живееше во близина на стадионот го следеше натпреварот од терасата и навиваше за домашниот тим. Стана славен благодарение на противничкиот англиски играч. Беше среќен што доби сувенир, фудбалот кој заврши во неговиот стан.
Ваквите ситуации се чести затоа што стадионот кој има капацитет од 8.270 места, се наоѓа во мало место на северот на Норвешка, каде живеат 52.000 жители. Покрај него има згради.
За потсетување, Бодо Глимт минатата сезона ја победи Рома во групната фаза во Лига конференции со 6:1, додека сега изгуби од Арсенал со 1:0 со голот на Сака.