(Фото) Можеш да ми ја подадеш солта, „Твитер“ си игра мајтап со Путин и Макрон

Средбата меѓу Путин и Макрон стана главна на „Твитер“, а она што најмногу привлече внимание беше огромната маса на која тие седеа. Двајцата беа толку далеку еден спроти друг што многумина се прашуваа дали може да се чујат.

Некои од нив им нацртаа и мегафони за да може да се чујат што зборуваат. Лидерите исто така биле прикажани како играат пинг-понг, со опис „кога камерите ќе се изгасат“. Други, пак, го монтираа Џо Бајден како седи меѓу двајцата и јаде сладолед.

Некои твитерџии се шегуваа во стилот дека Путин му побарал на Макрон да му ја додаде солта. Други им напишаа дека вака функционира врска на далечина, а трети дека вака на маса седат најдобри другари.

На една од фотографиите се гледа како зад Путин има црна, а зад Макрон бела мачка. На друга покрај нив двајца седат и актерите од „Тајната вечера“, а на трета, пак, и двајцата гледаат стриптиз.

 

Scroll to Top