(Фото) Песна од Карлеуша изгравирана на надгробен споменик

Српскиот портал „Афера“ објави фотографија од надгробен споменик на кој се издлабени стиховите од песна на Јелена Карлеуша. Споменикот е на Милош Стојичевиќ Мрвица од Пожаревац кој починал во јули минатата година на 25-годишна возраст.

Бидејќи момчето немало родители, неговите блиски одлучиле на надгробниот споменик да стојат неколку стиха од песната „Мој драги“, бидејќи тој бил голем овожавател на Карлеуша. Порталот пишува и дека кога го закопувале момчето, веднаш по пеењето на попот, пријателите ја пуштиле баладата „Мој драги“ на гробиштата.

Scroll to Top