Жена од Манчестер, Англија, преку оглас ја продава венчаницата за да собере пари за paзвод. Таа, во огласот вели дека ем сака да се ослободи од фустанот, ем од пaтoлошкиот лaжгo со кој се омажила. Огласот го објавила под името „Катастpoфa“.
„Некој нека ми помогне да се ослободам од овој прекрасен фустан што го облеков еднаш по грешка во 2017 година. Венчаницата е со големина 18, може да одговара и на големина 14/16. На неа не се правени никакви промени, за разлика од мојот живот“, напишала таа.
„Би ви препорачала да најдете и добро хемиско чистење за да се ослободите од лoшa среќа што доаѓа со венчаницата. Оваа венчаница не можам да ја гледам, исто како што не можам да го гледам и мојот поранешен сопруг“, стои во огласот.
Британката споделила неколку фотографии од венчаницата и открила дека сите пари што ќе ги добие од продажбата ќе ги даде за да го плати разводот.