Козметичарка од Штип: Да доваѓате со исчистени нокти

Козметичарка од Штип на социјалните мрежи ги искара муштериките и на специфичен начин им објасни со какви нокти да доаѓаат на маникир. Бон-тонот што им го отпеа на „Фејсбук“ стана главен штос на социјалните мрежи, што за мајтап, што за чудење. Нејзиниот статус оди некако вака:

„Сите што ќе доваѓате оваа недела да бидете точни во термино, во спротивно нема да бидете примени. Да доваѓате со исчистени нокти од лаковине, да не губиме време. Секој што нема идеја, ќе си добие еднобојни нокти, и ве молам болни и настинати да не ми доваѓате, зото што вас ако не ви е срам да кашлате и да си го бришете носо со другата рака, и мене нема да ми е срам да ве напудам“, напишала козметичарката.

На почетокот од пораката појаснила дека термини до 1 јануари нема слободни.

Scroll to Top