„Лажен цепелин бургер“, предлог специјалитет за кафеаната на Столе

По дофрлањето на Столе Стоилов на последниот тајм-аут на мечот со Германија и неговиот предлог да ги изненадат противниците со лажен цепелин во последниот напад, љубителите на ракометот почнаа петиција за нов бургер.

Нивниот предлог, како што пишува „Гол.мк“ е во неговата кафеана во Скопје да се служи нов специјалитет – „Лажен цепелин бургер“. Состојките во бургетот треба да ги стави токму Столе.

Видеото со реакцијата на Столе на последниот тајм-аут можете да ја погледнете тука.

 

Scroll to Top