Македонците во топ 30 по големина на тестиси: Италијанците убедливо водат

На социјалната мрежа „Икс“ се појави ранг-листа за тоа кој има најголеми тестиси во светот.

На прво место се Италијанците со 22,5 мл, потоа Норвежаните со 21-22 мл, а на трето место се Германците со иста големина 21-22 мл.

Шпанците, кои се најдоа на четвртото место, можат да се пофалат со тестиси со волумен од 20-21 милилитри.

Од земјите од регионот, Хрватите се покажаа најдобро, заземајќи го 22-рото место со волумен на тестисите од 19 до 20 мл. Веднаш зад нив се Словенците, кои исто така имаат тестиси со волумен од 19-20 мл.

Македонците се на 25-то место со 19 до 20 мл, а веднаш зад нив се Србите, граѓаните на БиХ и на Црна Гора.

Последните пет места од вкупно 50 се резервирани за Израел (45), Русија (46), Украина (47), Белорусија (48), Литванија (49) и Латвија (50).

Инаку, волуменот на тестисите може да се процени со палпација и споредување со елипсоиди со позната големина.

Друг метод е употреба на антропометриски помагала, како што е орхидометарот (Prader orchidometer), или мерење со линијар на самиот пациент или врз ултразвучна слика, за да се добијат трите мерни оски: x, y и z (должина, ширина и длабочина).

Овие мерења потоа се користат за пресметување на волуменот, применувајќи ја формулата за волумен на елипсоид.

Нормалниот волумен на тестис е помеѓу 15 и 25 ml.

Scroll to Top