Познатиот шпански бренд „Баленсијага“ ја премина границата со новата линија долна облека. Па така за црни гаќи со логото на брендот „Баленсијага” ќе платите 110 евра, а потоа не ќе можете да ги перете, бидејќи се премногу „скапоцени“ за обична машина за перење. Единствен начин да ги одржувате, за да не добиете некоја бактерија на интимните делови од ваклани гаќи, е да ги однесете на хемиско чистење, пренесува британскиот „Сан“.Машките боксери пак надминува 200 евра по пар.
„Органски памук, низок струк и удобен крој. Ластик околу половината со логото на брендот”, пишува на веб-страницата на „Баленсијага”.
Ако и покрај тоа се обидете па скапите гаќи ги исперете со остатокот од гардеробата, треба да имате на ум дека производителите се спремни и на тоа, па нема да ви направат замена.
Потенцијалните купувачи се предупредени: „Овој производ не може да се врати од хигиенски причини“.