Масовно тетовирање со ликот на Груевски

На „Фејсбук“ се појави интересна покана за настан што наводно ќе се одржува на 29 октомври, а мотото на манифестацијата е „Масовно тетовирање со ликот на Никола Груевски“. Средбата е закажана на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Во поканата за настанот се вели: Драги браќа и сестри Македонци, да се собереме на 29 октомври на плоштадот Македонија во Скопје и да се тетовираме со ликот на нашиот вечен лидер, господ бог Никола Груевски, во знак на непокор. Не го даваме Никола Груевски, клети комуњари“. Масовното тетовирање наводно ќе траело до 30 октомври.

Следбениците на социјалните мрежи оваа покана за масовно тетовирање ја објаснуваат како една од штосните шеги што се шират на фејсбук-мрежите.

 

Scroll to Top