Туристи во италијанското гратче Џера Ларио платиле две евра за да им го пресечат тостот на пола. Муштеријата објавил фотографија од фискалната сметка на „Трипадвајзор“ и ова стана хит на социјалните мрежи.
„Секако дека тостот се служи пресечен на пола. Ние бевме двајца. Нарачавме тост што ќе го јадеме на маса за двајца. Ама не сфаќам зошто на сметката стои две евра доплата за ни го поделат тостот. Ова е неверојатно“, напиша муштеријата.
По неговата објава на социјалните мрежи, локален медиум од провинцијата Комо, го нашле сопственикот на угостителскиот објект, а тој им рекол : Па, ако муштеријата побара да му направам две порции од тостот, јас за ова користам два соса, ми требаат две салфетки, а за да одам до масата ги користам двете раце. Вистина е дека муштеријата е секогаш во право, ама па дополнителните барања чинат плус пари“, вели сопственикот.