Пијана невеста не стигна на својата свадба

Една невеста е уапсена затоа што возела пијана одејќи кон местото каде требала да се венчава, па  не стигнала на свадбата.

Не е познато зошто 32 годишната Амбер Јанг тргнала сама и пијана на својата свадба, но возејќи успеала да удри три автомобили пред да пристигне полицијата.

Едно лице минало со полесни повреди при судирот и пренесено е во болница.

Полицијата и ставила лисици и ја однела во полициска станица.

Откако се отрезнила, невестата била пуштена од станица, но не е познато што се случило со свадбата.

Scroll to Top