По 158 паѓања, Англичнец положи возачки испит

By

Британската агенција за стандарди за возачи и возила неодамна соопшти за нов неславен рекорд. Според најновите статистички податоци, анонимен човек од Англија го сруши рекордот, ја помина теоријата за возење во 158. обид. Откриено е дека тој потрошил околу 3.000 фунти за сите испити и дури сега може да вози автомобил и да учи за да го земе практичниот дел, односно возењето.

„Вистина е тоа што го велат, ако не успееш од прв пат, продолжуваш да се обидуваш. Полагањето на возачки испит може да биде многу тешка работа и голем предизвик, а некому му требаат повеќе обиди, некому му треба само еден. Дури и да паднеш 157 пати, крени ја главата и продолжи да се обидуваш“ – рече Марк Тонг, директор на „Select Car Leasing“.

Неколку медиуми го нарекоа најлошиот возач на светот, но други го опишаа како пример за упорност.

Податоците на ДВСА покажуваат дека на второ место е жена на околу триесет години која паднала 117 пати и сè уште не положила, додека на трето место е жена која успеала да помине по 94 обиди.

 

  

Ќе ви се допадне

By the Grace of the Gods (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/xQYa) Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free iwatobi swim club

Horimiya (https://gogoanime.be/m/VXBp) Episode 2 at GoGoAnime gogoanime my hero academia