Британската полиција се пошегувала со еден Британец кој успеал да го уништи своето скапоцено возило од брендот „Мекларен“. Тој на прав пат, каде брзината е ограничена со 65 километри на час, успеал да удри во ѕид и целосно да го уништи своето луксузно возило.
Во коментарот на официјалниот „Твитер“ профил на полициската станица напишале дека „Овој возач не успеа да го одржи автомобилот и на права улица, иако ограничнувањето на брзината е само 65 километри на час“.
Овој коментар на надлежните го потенцира фактот дека во несреќата настрадал само скапоцениот „Мекларен“, но немало дополинтелна информација за брзината на возењето во тој дел од градот, ниту пак како дошло до самата несреќа, по што наиде на лавина негативни коментари кај другите.
Корисниците на „Твитер“ не биле премногу воодушевени од полицискиот хумор, туку во него препознале количина на сарказам, поголема од дозволената. Полицијата иако подоцна ја сватила грешката, не се откажале од својата идеја, туку само се огласиле со нов коментар.
„Само сакавме на граѓаните да им укажеме на опасноста во сообраќајот“, напишале тие.