Полицијата упадна среде секс во тројка во хотел, сопружниците казнети оти ги прекршиле ковид-мерките

By

Британска брачна двојка решила да го зачини својот годишен одмор на Барбадос со секс со локална девојка во својата хотелска соба, но со тоа ги прекршиле строгите карантински правила на островот, пишува „Дејли мејл“.

Ендру Лукер и Јулија Најтли на тој начин ѝ се приклучија на долгата листа со Британци, вклучувајќи ја и ѕвездата од реалното шоу Love island, Зара Холанд, што ги прекршија строгите закони за пандемија на карипскиот остров.

По полноќ, еден од чуварите ја фатил Микаела Џејкас како го прескокнува ѕидот на хотелот Treasure Beach и влегува во собата на парот. Повикал полиција, а тројката била уапсена додека уживале во коктелите на терасата на луксузниот апартман одморајќи од сексуалните игри.

Лукер, инаку директор на градежна фирма во Рочдејл, и неговата сопруга Најтли, козметичарка од Чидл Хјум, се изјасниле за виновни пред судот за кршење на одредбите за карантин.

Сите тројца биле казнети со по 2.200 фунти, а ги ослободиле со кауција од 7.000 фунти, со предупредување дека ги чека затвор од девет месеци доколку не ја платат казната во рок од седум дена.

Најтли, мајка на четири деца и квалификувана медицинска сестра, пред неколку години се најде во сите национални вести затоа што ги искористи своите провокативни фотографии вo долна облека за да ја промовира својата клиника за убавина.

 

Ќе ви се допадне

Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 4 (https://animeflix.nl/m/j4DD/ep-4) at website https://animeflix.nl anime flix app

The Daily Life of the Immortal King (https://kissanimeonline.com/m/31Gn) Episode 15 at KissAnime kissanime list