Самуел од Аргентина поминал 100 километри на автопат пред да сфати дека си ја заборавил сопругата Клаудија на бензинска.
Двајцата биле на патување во Бразил, а на враќање застанале на една бензинска за да наполнат гориво. Клаудија за тоа време спиела на задното седиште. Кога Самуел го наполнил резервоарот, тој продолжил да вози несвесен дека Клаудија во меѓувреме излегла.
Тој мислел дека таа продолжила да спие на задното седиште. Не знаел дека додека тој полнел гориво, Клаудија излегла и отишла во продавница да купи нешто за јадење.
Ситуацијата станала уште почудна затоа што со нив бил и нивниот 14-годишен син, кој исто како и татко му, не забележал ништо. Тој цело време бил на мобилниот телефон.
Кога поминале два часа, Клаудија се обидела да стапи во контакт со нив на телефон, но немала сигнал. На крајот, таа отишла во полициска станица, каде што чекала сопругот и синот да се сетат на неа. По поминати 100 километри, тие се вратиле по неа.
Клаудија била бесна и почнала да го удира автомобилот, раскажале полицајците.