Поп се опијани на погреб, па легна до мртовецот

Хит на социјалните мрежи деновиве е фотографија од пијан поп на погреб во селото Друговац, Смедерево. Свештеникотот Ненад се опијанил на погребот, а зашеметен од силното сонце, не можел да оди, напишале покрај фотографијата.

Локалното население не можело да направи ништо освен да го стави попот на приколката зад тракторот каде што бил сандакот во кој лежел мртовецот. Легнат, поп Ненад заспал. Мештаните велат дека ова не е првпат попот да се опие и да заспие покрај ковчег со мртовец.

Scroll to Top