Украдена дрвена склуптура на пенис во Баварија, полицијата го бара крадецот

Германската полиција покрена истрага за исчезнувањето на дрвена скулптура која е во облик на пенис а  беше поставена на планина во Баварија. Скулптурата е два метра високата и наводно ја снемало за викендот, објавија тамошните медиуми.

Статуата со години стоеше на планината Гринтен, југозападно од Минхен и од неа сега е останат само трупец. Не се зане кој е автор на скулптурата, која беше обележје на 1.738 метри високиот Гринтен и привлекуваше голем број планинари. Таа дури и на Гугл мапс беше означена како „културен споменик“.

Никој не знае и како скулптурата од 200 килограми тешката  била  искачена на врвот на Гринтен. Се вели дека била роденденски подарок, што група млади луѓе на шега ја направила за еден нивни пријател. Откако подарокот не бил прифатен, тие ја однеле до врвот.

 

Scroll to Top