Девојка во Њујорк преживеа во метро минатата среда, откако парче од плафон падна точно пред неа. Моментот го сними една од безбедносните камери, а видеото за кратко време стана популарно на интернет. Многу коментираа и се шегуваа дека девојката е среќна и дека треба да уплати на лото.
View this post on Instagram
Настанот се случил во една од подземните железнички станици во Бостон во САД. Директорот за Транспорт во Бостон, Џеф Гоневил рече дека неговите испектори утврдиле дека парчето плафон паднало затоа што потпорите кородирале. Објсни дека голем дел од парчињата се украсни и висат на плафонот.
„Оваа плоча била во влажна состојба и покажувала знаци на корозија која најверојатно е предизвикана низ годините“, рече Гоневил и додаде дека панелите првично биле поставени во 1978 година, а дека истите поминале по деталната инспекција во 2021 година.
Имаше и голем број корисници кои покажаа загриженост.
„Ова загрижува. Не сакам ни да помислам што ќе беше ако јас бев на местото на девојката. Најстрашно е што никој не застана да провери дали девојката е добро или да и даде поддршка. Оваа девојка треба да игра лото, затоа што е среќна“, биле само некои од коментарите.