Американец од Северна Вирџинија, се прегази самиот со сопствениот автомобил, откако излегол од истото за да побегне од полицијата.
Инцидентот бил забележан од страна на камерата во полициското возило.
Според извештајот на полицијата од округот Ферфакс, триесетгодишниот Исак Бонсу, не е повреден, но е уапсен поради возење под дејство на опијат.
На видеото на снимката се гледа како тој излегува од автомобилот во предградието во Вашингтон. Но, очигледно заборавил да ја повлече рачната кочница, па може да се види како истрчува пред возилото, кое во еден момент ќе го удри. Набрзо мажот станува и продолжува да трча.
Полицијата по краткото бркање го уапсила и навела дека не бил вооружен.