На Тикток девојка сподели видео од свршеникот и сестра ѝ како имаат секс. Видеото кое за кратко време било видено повеќе од 1000 пати рече дека го објавила за да им се одмазди. Таа ги изненадила двајцата откако се вратила предвреме од работа. Пред да ја изневери биле во врска пет години.
„Па што правите?“, им викала на двајцата, додека тие се правдале дека ништо не се случило и дека не е така како што изгледа.
„Губете се. Не можам да верувам дека ми го направивте ова. Пет години поминав со тебе. Се свршивме. Немаше нешто што немаше да го направам за тебе. Се трудев да работам за двајцата за да основаме семејство“, продолжила да им вика, а потоа се изненадила од коментарот на свршеникот.
„Да, бевме заедно пет години и тоа е премногу“ ѝ рекол тој и додал дека нема намера да се исели од станот затоа што плаќал половина од ќиријата. Исто така ѝ рекол дека никогаш не била дома и дека постојано била на работа, додека сестра ѝ рекла дека не жали за ништо, затоа што и онака таа не го сакала за маж.
„Да не сте ми се обратиле повеќе никогаш“, продолжила девојката која доби голем број коментари со поддршка од фановите. Многумина и напишаа дека од само што го гледале видеото почувствувале бес каков што никогаш во животот го немале доживеано.
„Девојко ќе сватиш за брзо дека ова ти е услуга. Не ти треба таков маж. Немам зборови за сестра ти. Неверството боли, а замислете кога ќе се случи од најблиските. Секоја чест за тебе девојко, ти ја посакувам целата среќа во животот“, биле само некои од коментарите на луѓето кои ја поддржале.
@itsgoneviral They tried it whilst she was at work 😡 #fyp #storytime #caughtoncamera #sister #boyfriend #cheater ♬ Stories – Lux-Inspira