Големиот христијански празник Велигден, Грците го прославуваат на несејкодневен начин, а како тоа изгледа, со видео клип, на својата Фејсбук страница го прикажа и Стаматис Краоунакис.
На воодушевување на присутните верници, попот во дол бел мантил и на тротинет влезе во црквата и почна да прави кругови додека по него трчаа свештени лица.
За попот не претставуваа никаков проблем ни високите скали, кој со тротинетот со голема леснотија ги совлада и продолжи да ги опслужува верниците.
Слична „претстава за Велигден на верниците минатата година им приреди свештеникот Христофорос во една црква на грчкиот остров Хиос, а поради неговиот настап веднаш го нарекле „летечкиот поп“.