Перверзник додека минуваше покрај барот ја фати келнерката за задникот. Девојката не остана должна и веднаш го турна на под. Откако пристигнала полицијата, го уапсила гостинот, пред неговите деца и сопруга.
На снимката се гледа како гостинот на кафулето заврши покрај кантата за ѓубре откако келнерката претходно го потегна за вратот.
Снимката од кафулето е објавена на „Редит“ од страна на еден роднина на келнерката.
Според неговите коментари, напаѓачот подоцна е уапсен, и тоа пред својата сопруга и двете деца кои биле со него во кафулето.