Магаре врзано пред македонската влада денеска стана хит на социјалните мрежи.
По скандалот кои деновиве излезе во јавноста, во врска со доделениот грант, од „Националната агенција за финансирање на европски образовни програми“, за тренинг на магариња, денеска анонимуси направија герила акција. Тие магарето го врзале за дрво зад автобуската постојка.
На „Твитер“ одма почнаа да фаќаат сеир, шегувајќи се дека магарето дошло по грантот од Националната агенција за финансирање на европски образовни програми.
„Аааууууу другари драми, магаре дошло пред Влада, ваљда ќе го бара грантот од 83.000 евра“ коментираат твитерџиите.
Аууууу другари драми, магаре дошло пред влада :))))) ваљда ќе го бара грантот од 83.000€…бруки pic.twitter.com/H9ijSwbPN0
— Модести Блејз (@ladymissmodesty) October 18, 2020