(Видео) Младоженец силно ја удри невестата, гостите прво му се смееја, а потоа бараа да биде уапсен

Инцидент се случи за време на една венчавка во Узбекистан, кога младоженец силно ја удри невестата по глава. Тој изгуби во традиционална игра во која се натпреваруваше со невестата, а потоа наместо да ѝ честита во афект ја удри.

Гостите на почетокот мислеа дека сето тоа е испланирано однапред и се смееја додека не сфатија дека станува збор за брутално насилство. Дел од нив побараа да биде уапсен. И голем број од коментаторите го споделија истото мислење откако го видоа видеото на интернет.

„Ова е многу тажно. Добро што ова заврши на интернет за да можат сите да видат за колку грозен човек станува збор. Полицијата итно да го најде и да го уапси“, биле само некои од коментарите.

За потсетување, Узбекистан е познат по тоа што и сè уште негува традиција на договорени бракови, иако во последно време тоа е сведено на доста помал број од порано.

Scroll to Top