Кандидатот за потпретседател на САД, Мајк Пенс, стана главен на „Твитер“, откако на синоќешната дебата мува слета на неговата глава и остана таму две минути без тој да забележи.
Оваа ситуација предизвика голем број коментари, а на социјалните мрежи брзо се појави и хаштаг #FlyGate и многумина коментираат дека мувата била најзабавниот момент од целата вечер.
„Тоа не е на вашиот телевизор. Мувата е на главата“, напишала на „Твитер“ Рејчел Мадов од MSNBC. Други се шегувале дека мувата можеби се залепила на неговиот лак за коса и дека сега таа е главниот кандидат за тестирање на коронавирус.
Мувата за кратко време доби и свој твитер-профил. Демократскиот противкандидат на Трамп, Џозеф Бајден, се пошегува на „Твитер“ и започна кампања од пет долари за мувата.