Атлетичарот Алберто Нонино нема по добро да го памети Светското првенство за јуниори во Колумбија. На Нонино му излезе пенисот од шорцовите и затоа ја изгуби трката. Шорцот му се скина, а тој среде трка застана да проба да се извлече од непријатната ситуација.
На крајот заврши последен. Видеото брзо се рашири на интернет.
„Свесен сум што се случи. Нема потреба да ми испраќате линкови и текстови за тоа. Се обидов да си се насмеам самиот на себе по сето тоа што се случи, но истовремено се чувствував ужасно. Им благодарам на пријателите и семејството кои ми помогнаа да го надминат сето ова“, рече Нонино по трката.