(Видео) Нов зимски тренд во Финска – трчање по снег во чорапи

By

Финците ги избегнуваат собирите на затворено за време на пандемијата, но тоа не значи дека ги напуштија здравите навики, напротив, најдоа нови начини да ги практикуваат. Интересен тренд што неодамна го воведоа во секојдневието е трчањето, но на малку необичен начин, во волнени чорапи.

Во Финска годинава падна доста снег, а трчањето на снег во чорапи е уникатна вежба и обезбедува уникатно чувство на слобода, вели Пека Парвијанен, пилот на хеликоптер и страстен босоног тркач.

„Ова е традиционална финска лудост, мислам дека сите можеме да се согласиме“, вели Пека во друштво на група луѓе во паркот Нуксио, во близина на главниот град Хелсинки.

„Станува збор за задоволство. Мислам дека тоа е добар спорт, силна вежба, која создава ичувство на среќа“, додаде тој.

Трчањето по чорапи стана популарно во Финска пред неколку години, но се практикуваше во потоплите месеци. Од друга страна, во оваа земја традиционална атракција е да трчате низ снегот и да скокате во замрзнато езеро по престојот во сауна.

„Можете да го направите тоа прилично лесно или потешко во длабок снег како што направивме ние сега. Но, чувството потоа е одлично. Добивате добра масажа на стапалата“, вели Паравијанен.

На Финците не им недостигаат топли волнени чорапи, бидејќи се вредни во текот на долгите зимски денови поминати во затворени простории, па сами си ги плетат чорапите.

Паравијанен препорачува да се носат најмалку два пара, по можност три пара волнени чорапи за да се извлече максимум од еден тренинг.

Ќе ви се допадне

My Hero Academia Season 2: Hero Notebook (Dub) (https://animeheaven.pro/m/71XO) Episode Full at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven au

The Irregular at Magic High School (https://kissanimeonline.com/m/vMq) Episode 26 at website https://kissanimeonline.com kissanime boku no hero