(Видео) Папата Франциско погоден во главата со шапка

Папата Франциско во текот на посетата на Чиле, додека ја поздравувал масата народ по улиците, бил погоден со шапка.

Додека се возел во својот „папамобил“ кон мисата што се одржала на отворено во престолнината Сантјаго, на него било фрлено парче текстилен материјал, кое изгледало како парче облека или крпа.

Поглаварот на Римокатоличката црква останал смирен и инцидентот не му попречил да продолжи да се смее и да ги поздравува луѓето.

 

Папата Франциско во понеделникот, шести пат откако е на чело на Римокатоличката црква, пристигнал во Латинска Америка, но уште еднаш ќе ја заобиколи родната Аргентина.

Се наведува дека папата досега посетил добар дел од територијата на Латинска Америка. Ги посетил државите Бразил, Парагвај, Боливија, Куба, Еквадор и Колумбија, а во најновата турнеја ги посетил Чиле и Перу.

На сите патувања тој повикува на помирување, мир и дијалог, а аналитичарите во Ватикан и Аргентина сметаат дека пораките имаат посебна тежина во неговата татковина, каде што често се интерпретираат како политички интервенции или стрели насочени кон крајно либералниот аргентински претседател Маврисио Макриј.

Scroll to Top