На свадба во Кина, таткото на младоженецот, кој бил мртов пијан, ја допирал својата идна снаа, и тоа пред очите на сите гости.
Тој ја бакнувал пред сите, а неговата глупост, која се случила на 22 февруари, ја забележал и снимил некој од гостите на свадбата. Настанот сега се прераскажува и за него се измислуваат разни трачови.
Имено, некои луѓе измислуваат приказни дека таткото подоцна се убил, односно дека синот го претепал, но некои кинески новинари стигнале до поинакви информации.
Накусо прераскажано, семејството не направило од тоа преголема драма колку што некои би очекувале, а поднапиениот свекор следниот ден се извинил.